26-годишниот кавадарчанец, Александар Мишов се врати во дресот на Тиквеш. Како што потврдија од клубот, Мишов е ново засилување за „црвените“ во пресрет на пролетниот дел од првенството.
Напаѓачот кој последните 6 месеци ги мина во Казахстан во дресот на екипата на Туран, реши да го раскине договорот со тимот и како слободен играч да се врати дома. Тоа значи дека Мишов по 4 години повторно ќе го облече дресот на кавадаречниот прволигаш.