Екипата на Вардар на подготовките во Анталија го забележа вториот пораз во третиот контролен натпревар.
Денеска со конечни 1:2, избраниците на тренерот Гоце Седлоски се поразени од украинскиот тим на Верес во меч во кој како и во изминатите два не беа искористени создадените шанси. Сепак, се работи само за подготвителни мечеви и најважно е да се темпира формата за стартот на ПМФЛ шампионатот.
Мечот Вардар го започна во комбиниран состав нешто што е пракса во оваа фаза од подготовките, а при резултат 0:0 имаше две ситуации за гол. Босанчиќ од слободен удар, како и Димитар Тодоровски со волје удар од петнаесетина метри, кој шутираше малку над голот.
Противникот преку Степанјук стигна до водство во последните моменти од првиот дел. Во 76. минута Воровјак зголеми на 0:2.
Жибрил намали од пенал
На овој дуел за Вардар дебитираше најновото засилување од Уганда, Роџер Мато, кој имаше зицер ситуација на 2:0, и врз кого беше направен и пенал во финишот на дуелот. Истиот го реализираже Жибрил.
Вардар на подготовките во Анталија ќе одигра уште еден пријателски дуел, против тимот на Чаквар од Унгарија.