Попладнево дел од нашите прволигаши, кои се подгтвуваат во Македонија, одиграа пријателски натпревари.
Пелистер во Охрид беше поразен од од српскиот тим на Земун со 1:3. Единствениот гол за битолчани беше дело на новакот Такахара.
Тиквеш во Кавадарци се сретна со својот сосед, составот на Вардар (Неготино) и со 4:0 забележа убедлива победа. Стрелци на головите беа Спиркоски, Михаљевиќ, Миловановиќ и Мишов.
Брера пак со 0:2 успеа да победи на гостувањето во Штип кај Брегалница.