Сакате на полуфинале? Билети за дуелот Хрватска – Франција се препродаваат и за 500 евра!

294

По се она што се случи со Унгарија и по пласманот на Хрватска во полуфиналето на СП, невидена еуфорија се случува во Загреб и целата држава. Имено полуфиналето е закажано за во четврток а домашните ракометари играат против Франција за пласман во големото финале.

Секако дека тоа ќе биде европска ракометна класика. Јасно е дека билетите се продадени за тој спектакл, но во преродажба ги има и тоа за 500 евра.

Најефтините билети чинеа 60 евра, а сега тие се препродаваат од 150 до 200 евра, додека одредени билети преку социјалните мрежи се препродаваат и за 500 евра.

Ретко ова се случува билет за ракомет на црно да достигне таа сума.

Сепак кога е во прашање пласман во финале, дуел со својот стар ривал Франција, парите и не се толку важни.

А дека тоа ќе биде невиден спектакл во Загреб Арената, во тоа никој не треба да се сомнева.

ПретходноМакси фантастичен против Леброн и Лејкерси!
СледноПознато е колкава пауза го чека Новак Ѓоковиќ!