Едно до последните две најавени засилувања за Вардар во зимскиот преоден рок веќе е во „црвено-црниот“ дрес. Станува збор за дефанзивецот Фаустин Сењор кој доаѓа од екипата на Гиресунспор од Турција.
Станува збор за стопер, кој може да игра и на позицијата дефанзивен играч за врска, и ќе биде уште една големо освежување за Вардар во дефанзивните задачи.
Интересно е што 31-годишниот Сенегалец веќе беше дел од нашето првенство. Тој го носеше дресот на Шкупи пред две години, а соработуваше и со сегашниот шеф на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски.