Трајковски со историски настап и резултат во скок во далечина на митингот во Белград (ВИДЕО)

106

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски на атлетиски митинг во сала во Белград денеска остари најдобар скок сезонава од 7.72 метри и го освои 8-то место во силна конкуренција. Овој митинг е еден од 9-те златни митинзи под капата на Светска Атлетика.

Со денешниот настап Андреас испиша историја за македонската атлетика како прв Македонец, кој некогаш настапил на натпреварување од оваа категорија. Овој скок е само 7 сантиметри послаб резултат од актуелниот македонски рекорд кој е во сопственост на Андреас поставен минатата година на Балканијадата во Истанбул.

Победник во Белград беше Тобиас Мнтлер од Шведска со скок од 8.23 метри. Следен настап на Андреас ќе биде на Балканијадата во сала која на 15 февруари ќе се одржи во истата сала во Белград.

ПретходноСенегалецот Фаустин Сењор е ново дефанзивно засилување за Вардар
СледноБарса го „брка“ Фати на позајмица, тој не сака да замине