Хамилтон доживеа несреќа за време на тестирањата во Барселона

440

Новиот пилот на Ферари, Луис Хамилтон го удри болидот за време на тестирањата одржани на патеката во Барселона. Ферари договори Луис Хамилтон и Шарл Леклер да тестираат три дена на патеката Барселона-Каталуња, до кои третиот ден ќе биде главно наменет за младите пилоти во системот на Ферари.

Според „Аутоспорт“ за време на вториот ден од тестирањата, Хамилтон изгубил контрола над модифицираната верзија на болидот SF-23 од 2023 година и излетал од патеката на третиот сектор на патеката, удирајќи во бариерите.

Според добиените информации, во несреќата Хамилтон не е повреден, но оштетени се аеродинамичните елементи и суспензијата на автомобилот.

ПретходноФИС Сноуборд Куп 2025 следната недела на Попова Шапка
СледноАстон Вила го „откачи“ Арсенал за Оли Воткинс