Познато е дека синоќа и двата четвртфинални мечеви на СП имаше и тоа каква драма. Хрватска славеше против Унгарија, а Франција со голот на Карабатиќ успеа во финишот да го победи Египет.
На тој меч судии беа нашите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Веднаш по мечот, а посебно утринава, како “загревање“ за тоа што утре ќе се случува во полуфиналето, медиумите во Хрватска наголемо пишуваат, поточно се прашуваат дали тој победнички гол на Лука Карабатиќ е регуларен.
Николов и Начевски ја гледаа снимката за да се уверат дека голот паднал пред истекот на времето. Се наведува во моментот кога тој шутира, еден негов соиграч бил веќе на противничката половина. Ако е така, тогаш акцијата треба да се врати назад.
The ultimate heartbreak for Egypt AGAIN
Luka Karabatic wins it with 0.3 seconds left of the clock
The Quarterfinal curse for Egypt continues pic.twitter.com/Wq5e45eEqk
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 28, 2025