Утринава екипата на Шкупи го одигра својот втор контролен меч во Анталија. Противник на чаирчани беше бугарскиот состав Септември. На овој меч славеше нашиот тим со 2:1. Да потсетиме дека пред неколку денови Шкупи на својата прва контрола во Анталија, беше поразен од Полонија со 0:2.
Составот на Алпарслан Ердем одигра сосема добро, имал повеќе прилики за гол од кои реализарал два и заслужено победил.
Стрелци на головите за чаирчани беа Асани од пенал и Аворнио.
Шкупи покрај вообичаените тренинзи во својата база во Анталија, ќе одигра уште некоја ваква пријателска средба.