Се разбира дека јунак на вечерта е Тајрис Макси, кошаркарот на Филаделфија кој успеа да уфрли 43 поени против ЛА Лејкерс и со тоа да му помогне на својот тим да дојде до победа со 118:104.
TYRESE'S TERRIFIC TUESDAY:
🔔 43 PTS | 4 3PM | 57.7 FG% 🔔
Maxey has scored 27+ PTS in 11 straight games and the @sixers win their 3rd straight! pic.twitter.com/mmSxXx5eAn
— NBA (@NBA) January 29, 2025
Макси беше фантастичен, противникот едноставно не му можеше ништо. Кај гостите Дејвис се повреди во првото полувреме, Брони Џејмс доби минутажа, но не успеа да погоди а неговиот татко Леброн, сега е на шестото место на украдени топки во историјата на НБА. Леброн мечот го заврши со 32 поени, но и со осум загубени топки.
На останатите мечеви кои се одиграа утринава во НБА се постигнаа следните резултати:
Атланта – Хјустон 96:100, Голден Стејт – Јута 114:103, Портланд – Милвоки 125:112.
Јанис Антетокунпо одигра одлична партија, забележа 39 поени, 12 скокови и 5 асистенции, но и тоа не беше доволни Бакси да дојдат до победа против Портланд.