Со фуриозна игра, Данска уште еднаш потврди дека е најголем фаворит за златото на ова Светско првенство, откако го потопи Бразил со 33:21 и го потврди своето учество во мечевите кои ќе одлучуваат за медалите. Вечерва во „Јунити Арената“ во Осло, со голема поддршка од своите фанови, Данците одиграа одличен меч против Бразил и уште во рана фаза на натпреварот успеаја да го осигураат триумфот за полуфинале.
Бразил беше рамноправен противник само во првите шест минути од мечот, а потоа се беше во знакот на Данска. Скандинавците до средината на првиот дел веќе имаа +7 (10:3), но Бразил некако успеа до одморот да ја намали негативата и да отиде на пауза со минус три (15:12).
Во второто полувреме Данската одбрана беше уште погранитна, а Бразил не успеваше да најде начин за погодок. На голот на Данска брилијараше Емил Нислен, а во нападот голот на јужноамериканеците го решетаа Гидсел, Лауге, Питлик…
До 40 минута разликата беше +6 (24:18), а во последните 10 минути разликата дојде и до +12 (30:18). Бразил од петни жили се мачеше во нападот, а Данска секоја грешка на противникот ја казни со гол.
Нилсен успеа да реализира 15 интервенции на голот на Данска, додека по 6 погодоци имаа Гидсел, Јакобсен и Лауге. Кај Бразил светла точка беше Карваљо со 7 погодоци.
Данска вечерва го чека исходот од дуелот Португалија – Германија за да го дознае својот ривал во полуфиналето.