Џими Батлер ќе го напушти Мајами, станува се поизвесно, има уште време до 6-ти февруари, кој ќе биде последен ден за трејдови во НБА, а клубот се очекува да добие сериозни пари за располагање.
Планот е да се ослободат 80 милиони долари до летото 2026 година, а сето тоа би можело да биде фокусирано на еден кошаркар.
Кој би можел да биде?
Еден од играчите кој има договор до 2026 година е Лука Дончиќ, но Словенецот има опција да го продолжи на уште една година со „супермакс“ продолжување, што значи дека ќе има 49 милиони долари во сезоната 2026-27.
Мајами секако има сериозен план, сакаат да се ослободат од Батлер и повторно да играат важна улога на Истокот.