Тројца македонски репрезентативци од РК Алкалоид и РК Мулти Есенс беа дел од проектот „Почитувај го својот талент“ организиран од страна на ЕХФ

1574

Вкупно 30 млади ракометари од цела Европа кои оставија впечаток на М18 ЕХФ Европското првенство во Црна Гора беа поканети на годишниот камп во Виена. Меѓу нив беа и нашите млади ѕвезди Дамјан Митев, Марин Крстевски и Ѓорѓи Николовски.

На кампот, младите таленти имаа можност да учат и да разговараат за теми надвор од теренот со легендарните ракометни амбасадори на ЕХФ: Ханс Линдберг (Данска), Љубомир Врањеш (Шведска) Вид Кавтичник (Словенија) Карлос Прието (Шпанија)
Темите кои ги обработуваа вклучуваа:
Нутриционизам
Управување со социјални медиуми
Анти-допинг политика
Двојни кариери
Психолошки подготовки
Спортски закони
Секоја тема беше анализирана и одработена со помош на експерти, што го направи овој камп незаменливо искуство за нашите млади ракометари.
„Сакам да стигнам до врвот, дефинитивно. Знам дека тоа е тешка задача, но има време и мислам дека сме на вистинскиот пат. Небото е граница, со советите што ги добивме од амбасадорите, сѐ е возможно. Тие ни ја раскажаа својата приказна и тоа ќе ни биде многу корисно во иднина“, ги сподели впечатоците Марин Крстевски.

ФОТО: ЕХФ

ПретходноЛШ: Лудило, 18 меча во исто време и гиганти кои стравуваат од елиминација! (ФОТО)
СледноВујовиќ: Хрватска нема тим за големи достигнувања! Против Унгарија беше вистинско чудо!