Али Адем уште еднаш во Шкупи

256

По којзнае кој пат во кариерата, Али Адем е старо нов член на тимот на Шкупи. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, се приклучи на подоготквите на Шкупи, откако му зарши зимава соработката со албанскиот тим Фљамуртари.

Али Адем своевремено важеше за еден од најголемите таленти на Вардар, за кого дебитираше на многу млада возраст. Потоа направи сензационален трансфер во Арис во Грција, но реално никогаш не доби шанса во клубот од Солун. Одеше на позајмица во Верија,  токму во Шкупи, за да откако му заврши договорот со Арис, и се пресели дефинитивно на Чаир.

Следуваше заминувањето во Албанија, за да ете сега играчот за врска повторно станува член на Шкупи.

 

ПретходноВиктори Волеј и Куманово во бараж битка за осминафинале во Купот на ОФМ
СледноМакедонија станува спортска арена: Сè што треба да знаете за ЕМОФ 2025