Екипата на Брера на пролет ќе има сосема друга физиономија отколку онаа која што ја имаше во досегашниот ПМФЛ шампионат.
Струмичани ќе се потпрат на сопствените сили, пред се од младинската школа, а како новитети, односно засилување на постоечкиот кадар доаѓаат познати лица.
Филип Михаилов односно Зоран Ивановски.
Михаилов е играч за врска во средината и нападот. Тој во својата кариера освен Брера има играно и за Беласица, Хоризонт Турново, Осогово, а беше дел и од австриски Маршвалд.
Во есенскиот дел на првенството Михаилов ги бранеше боите на Тиквеш од Кавадарци каде немаше доволна минутажа, а забележа 14 првенствени настапи.
Со Михаилов доаѓа и Зоран Ивановски кој игра на крилната позиција. Освен за Брера досега настапуваше и за Беласица, Детонит, Брегалница. Своевремно беше член и на младинските фудбалски репрезентации на Македонија.