Одбојкарките на Виктори Волеј и Куманово ќе играат во бараж натпреварот за пласман во осминафиналето од Купот на ОФМ 2025 во женска конкуренција. Во првата бараж рунда, Виктори Волеј со 3:1 на гостински терен славеше над Универзитет во Тетово. Во вториот меѓусебен дуел сезонава екипите одново играа во четири сета, но овојпат со среќен крај за клубот од Струмица.
Куманово, како најдобро рангиран тим по завршувањето на првиот дел од сезоната, ја потврди фаворитската улога и со максимални 3:0 ја победи Македонија Макс и остана во куп-натпреварувањето.
Виктори Волеј и Куманово преку еден меѓусебен дуел на 5 февруари ќе одлучат кој ќе биде последниот патник во осминафиналето од Купот на ОФМ 2025 кај дамите.
Директен пласман во осминафиналето имаат обезбедено прволигашите Јанта Волеј КВ, Работнички Скопје, Наковски Волеј, Фит Фан Волеј, Вардар ЕМ, Младост УГД, Струмица жени, Ускана Волеј, како и второлигашите Газели Волеј, Пелистер Волеј, Бами Кор, Фламинго Волеј, Јанта Волеј БУТ, Вардар жени и Форца Волеј ЕМА.
БАРАЖ ЗА КУП НА ОФМ 2025 ЖЕНИ
Универзитет во Тетово – Виктори Волеј 1:3 (19:25, 25:22, 23:25, 18:25)
Куманово – Македонија Макс 3:0 (25:9, 25:14, 25:10)