Гитсел го „претрка“ Кузмановски, но тешко ќе го урне рекордот на Лазаров!

998

29-то Светското првенство полека влегува во својата завршница. Вечерва ќе биде познат првиот патник во финалето. Во првата полуфинална двојка силите ќе ги одмерат Франција и Хрватска, мечот е закажан со почеток во 21 часот.

Пред стартот на полуфиналните пресметки, Матијас Гитсел, очекувано изби на првото место на листата на стрелци. Тој по одигрување на четвртфиналниот натпревар против Бразил дојде до бројката од 55 погодоци, и сигурно ќе оди на повеќе голови, со оглед на тоа дека неговата репрезентација покрај полуфиналето, ќе одигра уште еден меч.

Филип Кузмановски е втор стрелец со 49 погодоци на шест одиграни меча, зад него на третото место е Саиф Алдавани од Кувајт со 47 гола,

Кога сме кај вечната листа на стрелци, Гитсел тешко дека ќе може да барем да го израмни рекордот на Кирил Лазаров. Во 2009 година, сегашниот селекторот на Македонија стигна до бројката од 92 погодоци. Тој за да дојде до оваа бројка треба на две средби да постигне 37 гола. Со оглед на противниците и тежината на мечевите кои доаѓаат тоа е речиси невозможно. Но, да почекаме и да видиме.

ПретходноЛЕ: Само Лацио сигурен, Фенер, Бешикташ, Рома, Ајакс… пред одлучувачки настапи
СледноРаботнички одигра 2:2 со Шарлот