Пред вечерашното прво полуфинале на СП во ракомет меѓу Хрватска и Франција, иако се фаворити, „триколорите“ знаат дека поддршката која хрватска ќе ја има од трибините ќе биде исклучително тешка пречка за нив на патот кон ново финале.
„Полуфиналето против Хрватска ќе биде пекол за нас. Тие играат се подобро и подобро, мислам дека сега достигнаа навистина високо ниво и ќе ни биде многу тешко. Ќе мораме да бидеме максимално смирени, да се обидеме со ладна глава да влеземе во мечот и очекуваме голема борба на теренот. Ги видовме нивните навивачи, но ќе мора да се концентрираме на она е на теренот. Навивачката атмосфера ќе биде поинаква“, рече херојот на Франција во победата против Египет во ¼-финалето, Лука Карабатиќ.
Полуфиналето стартува од 21 часот. Утре во 20:30 во Осло ќе се одигра и вториот полуфинален дуел меѓу Данска и Португалија.