Долгогодишниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски и нашиот репрезентативец Александар Љафтов не успеаја да се пласираат во полуфиналето на Челинџ Купот на ЦЕВ. Во реванш мечот од четвртфиналето, грчки ПАОК предводен од Миленкоски и во составот со нашиот Љафтов по вторпат загуби од моќниот турски состав Анкара, овој пат на гости со 3:0.
Љафтов реализираше три поени на синоќешниот дуел и не успеа да им помогне на своите соиграчи на направат сензација. ПАОК сега ќе продолжи со битката на домашен терен, каде ќе се обиде да направи изненадување во плеј-офот на грчкиот шампионат.