По само шест месеци се чини дека Алваро Мората ќе си оди од Милан. Секако дека е ова сензационална вест од Италија, посебно ако се знае дека капитенот на шпанската репрезентацијата не доаѓаше на „Сан Сиро“ за само пола сезона.
Ова доаѓа откако некогашниот играч на Реал Мадрид, Челзи, Атлетико Мадрид не се вклопувал во тактичките замисли на новиот стратег на Милан, Серџио Консеисао.
Како што пренесуваат медиумите во Италија, Мората е во преговори со Галатасарај и можеби својата кариера ќе ја продолжи во Турција.