Нико Ковач денеска ја презема Борусија (Д)

104

Хрватскиот стратег Нико Ковач и официјално седнува на клупата на Борусија Дортмунд. Фабрицио Романо објави дека хрватскиот тренер потпишал со германскиот гигант и дека официјална потврда се очекува во текот на денот. Тој додава дека директорот на Борусија Ларс Рикен изјавил дека се е договорено со Ковач и дека новиот тренер ќе го води тимот веќе в сабота на првенствениот натпревар со Хајденхајм.

Ковач во досегашната тренерска работа ги водеше младинската и сениорската репрезентација на Хрватска, а беше тренер и на Ајнтрахт Франкфурт, кој го водеше до 2018, по што беше тренер и на Баерн, Монако и Волфсбург до март минатата година.

ПретходноГилџес-Александер со 52 поени не успеа да ја спаси Оклахома, меч на сезоната за Зубац
СледноОдбојкарскиот репрезентативец Алексов е „Спортист на Штип“ за 2024 година