Маудо Ламине Жаржу (27) е нов член на Струга ТЛ. Дефанзивецот од Гамбија би требало да биде едно од најголемите засилувања за шампионот, а според тоа дека пред извесно време на Трансфермаркт вредел милион евра, едно од најзвучните трансфери оваа зима во мак – фудбалот.
Станува збор за играч кој има и два настапи за својата репрезентација.
Инаку Жаржу досега во својата кариера играл и за екипите на Слован, Елфсборг, Австрија Виена, Жил Висенте…