Македонскиот младински репрезентативец до 17. години Ристе Стоилов е нов член на тимот на Црвена Звезда. Медиумите во Србија јавуваат дека дефанзивецот ја стартуваше својата авантура во филијалата на балканскиот гигант Минералац, а откако собра доволно искуство и минутажа, секако дека Црвена Звезда направи негова прераспределба во нејзините категории.
Сличен пат изоде и Матеј Гаштаров момчето кое што со успех веќе настапува за младинскиот погон на Црвена Звезда и кој играше во Младинската Лига на Шампиони.
Стоилов инаку е стандарден У17 репрезентативец на Македонија, а на почетокот од својата кариера беше и во младинските категории на Вардар.