Светски шампиони во уметничко лизгање биле во авионот кој се урна во Вашингтон

689

Светските шампиони во уметничко лизгање од 1994 година, Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот што се урна утрово над Вашингтон по судар со воен хеликоптер, пренесува РИА Новости.

Авионската несреќа се случи во близина на меѓународниот аеродром Роналд Реган. Според медиумите, Шишкова и Наумов биле дел од првенството на САД во уметничко лизгање кое се одржало во Вичита, Канзас од 21 до 26 јануари.

Нивниот син, лизгачот Максим Наумов, таму го освои четвртото место, но засега нема информации дали и тој бил во авионот што се урна.

Покрај златото, Шишкова и Наумов освоија и сребро (1995) и бронза (1993) на Светските првенства.

ПретходноХрватите добиваат две супер засилувања за вечерашното полуфинале со Франција
СледноПо неполни три месеци Рен го отпушти Сампаоли