Стартува уште едно незаборавно издание на Алпскиот Куп „Копанки“!
Падините на прекрасниот Пелистер се целосно подготвени за претстојниот Алпски Куп „Копанки“, наменет за нашите најмлади скијачки надежи.
На 7-ми и 8-ми февруари ќе се одржат возбудливите трки во слалом и велеслалом, каде што младите натпреварувачи ќе имаат можност да ги покажат своите вештини и спортски дух. Ова е уште една одлична можност за промоција на младинскиот скијачки спорт во Македонија.
Настанот е во организација на Скијачка федерација на Македонија и ски-клубот „Пелистер“, со поддршка на Министерство за спорт и УНИБанка.