Хрватите добиваат две супер засилувања за вечерашното полуфинале со Франција

1452

Ракометните репрезентации на Хрватска и Франција, вечерва од 21 часот во „Арена Загреб“ ќе се сретнат во првото полуфинале на Светското првенство. Од таборот на хрватската репрезентација пред мечот со Франција потврдија дена позитивно е тоа што во репрезентацијата за овој исклучително важен меч во борбата за медал се враќаат Лука Циндриќ и Игор Карачиќ.

Циндриќ беше надвор од тимот од мечот од второто коло со Аргентина, а Карачиќ дури по него се приклучи во тимот. Иако многу играчи се жалат на повреди, Сигурдсон ќе може да смета на нив на вечерашниот натпревар.

„Сите се повредени. Ова ми е трето првенство во една година. Некои немаа три-четири дена одмор. Ритамот е убиствен, се игра на секои два дена. Но, сите се луди, сите се подготвени. Сите ќе бидат во тимот. Самите рекоа дека и со една нога ќе одат на терен“, изјавил помошникот на хрватскиот селектор, Шпољариќ.

ПретходноОдбојкарскиот репрезентативец Алексов е „Спортист на Штип“ за 2024 година
СледноСветски шампиони во уметничко лизгање биле во авионот кој се урна во Вашингтон