Шкендија поведе па загуби од Зорја

109

Тимот на Шкендија денеска одигра уште еден пријателски дуел на подоготквите во Анталија. Тетовци се поразени од тимот на Зорја од Украина со конечни 1:2.

Шкендија поведе со голот на Ибраими од пенал, но по направените измени во вториот дел, прими два гола.

Зорја најпрво Суприаха во 65.минута израмни на 1:1, а потоа преку Жунињо во 88. минута дојде и до триумф.

Шкендија и натаму ќе продолжи да се подготвува во Турција, за напролет да го нападне самиот врв на табелата и секако титулата.

 

ПретходноМакедонија станува спортска арена: Сè што треба да знаете за ЕМОФ 2025
СледноИГРАЈ ОДГОВОРНО: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА