Додека Хрватска го слави пласманот во финалето на Светското првенство, од минута во минута во тамошните медиуми можат да се прочитаат најразлични информации поврзани со хероите на оваа земја.
Една приказна привлече големо внимание, а истата е поврзана со голманот на оваа репрезентација, Доминик Кузмановиќ. По вчерашната победа над Франција во полуфиналето се огласи неговата некогашна наставничка.
Таа истакна дека Кузмановиќ пораснал во вистински професионалец, пример како треба да изгледа секој спортист. Воедно се врати на деновите кога бил осмо одделение. Двајцата имале разговор, а тој и ветил дека кога ќе успее ќе и испрати билет за натпревар. И тоа се случило, таа благодарение на него го гледала чудото против Унгарија.
„Како поранешна „ракометарка“ и негова учителка често разговаравме за ракометот, ги носевме дури и на натпревари… Во 8 одделение го прашав на што ќе се запише, рече во училиштето во Дуго Село за да може да тренира… Го прашав: „Што ако не успееш?“ Тој само рече: „Ќе успеам“. „Му реков дека кога ќе стане успешен, треба да се сети на својата учителка и да и подари билет.. И тука е склучен договорот… пред 8 години“, напиша таа.
„Во понеделникот добив порака од него: „Учителке, имам билет за тебе ако сакаш и можеш да дојдеш…“ Многу ме израдува… И така, благодарение на него, присуствував на тоа чудо против Унгарија“ „Драги Кузма, веќе си голем“, пиша во коментарот кој воодушеви многумина.
Доминик Кузмановиќ е роден на 15 август 2002 година во Дуго Село, Хрватска. Ракомет почнал да се занимава на петгодишна возраст, а со помладата возрасна група на клубот Дуго Село го освоил државното првенство. Во 2019 година, тој се приклучи на прволигашот РК Нексе Нашице, каде што продолжи да ги развива своите вештини како голман.