Екипата на ФК Вардар го затвори списокот на фудбалери со кои ќе настапи во пролетниот дел на сезоната во ПМФЛ. Од таборот на „црвено-црните“ на својата официјална страница испратија порака дека преодниот рок за нив е завршен.
Ростерот е освежен со нови 12 фудбалери, од кои се очекува да донесат подобри резултати во битките кои следуваат.
Новите засилувања на тимот се:
Давор Талески – Македонија
Мичал Пинтер – Словачка
Георгије Јанкулов – Македонија
Михаил Маневски – Македонија
Едиз Спахиу – Македонија
Мите Цикарски – Македонија
Димитар Тодоровски – Македонија
Михаил Талевски – Македонија
Мислав Матиќ – Хрватска
Фаустин Сенгхор – Сенегал
Мато Кассим Рогерс – Уганда
Мануел Куестас – Аргентина