„Карачиќ како од времето на Вардар одржа мал говор – уште од автобус почнавме да ги победуваме Французите“

541

Хрватска е на седмо небо, ќе игра финале на Светското првенство. До битката за златен медал ко-домаќинот на Мундијалот стигна во голем стил, и одржа лекција на Франција, која не успеа да најде начин да се врати во дуелот.

Медиумите во Хрватска се преплавени со детали од вчерашниот меч, но и часовите пред стартот на истиот. Голманот, Доминик Кузмановиќ, кој повторно имаше одлична вечер и запиша 14 интервенции, откри дека Игор Карачиќ, одржал краток говор во автобусот.

„Уште не сме ни свесни дека се пласиравме во финале. Сонувавме за ова финале, и го остваривме на неверојатен начин. Ова се прекрасни чувства. Мора да откријам дека Карачиќ уште во автобусот кон салата не мотивираше, како што самиот рече, на некој специфичен начин со времето уште кога играл за Вардар. Одржа мал говор и ни порача: ‘Луѓе, не смееме да го загубиме ова денеска!’. Е, од тој момент почнавме да ги победуваме Французите. Уште од автобус едвај чекавме да истрчаме на терен… Да бидеме искрени, бевме зачудени што поведовме и со девет разлика во првиот дел. Но, се боревме за секоја топка, за секој метар од теренот, и знаевме дека ќе победиме“, рече Кузмановиќ.

ПретходноВо Франција немилосрдни: Нашите ракометари не се појавија во Загреб
СледноОбрадовиќ пред вечерашното супер-дерби: Пола Европа ми бара билети!