Невидена глупост на Браун: Ц. Звезда го “скрши“ Партизан во последната секунда!

320

Во мега – дербито на 24.коло во Евролигата, вечерва во спектакуларен меч во “Штарк Арената“ во Белград, Ц. Звезда со 73:71 успеа како гостин да го победи Партизан во една драматична завршница, откако Стерлинг Браун, кошаркарот на Партизан направи невидена глупост. Имено при резултат 71:71, на една секудна до крајот, направи непотребна лична грешка за три слободни за Недовиќ, кој постигна два поени, третото слободно фрлање намерно го промаши за конечни 71:73. И тоа беше тоа.

Каков шок за фановите на Партизан, секако добра игра и заслужена победа на “црвено-белите“.

Како и секогаш и сега беше тензично, супер интересно, драматично. Имаше и инциденти и пред салата,но и за време на натпреварот. Погоден беше и тренерот на Ц. Звезда, Сферопулос.

Сепак на крајот се радуваа кошаркарите на Ц.Звезда.

На останатите мечеви кои беа во сенка на се она што се случуваше на “вечното дерби“ во Белград, се постигнаа следните резултати:

Фенербахче – Виртус 95:81, Монако – Реал Мадрид 77:73, Олимпијакос – Ефес 92:89.

ПретходноОфицијално: Наташа Андонова потпиша за Мадрид! (ФОТО)
СледноИ ОФС Штип е за Масар Омерагиќ! (ФОТО)