Пелистер му даде пет гола на Охрид

315

Екипата на Пелистер претпладнево го одигра својот пријателски меч против второлигашот Охрид, а истиот заврши со високи и убедливи 5:0 за битолчани.

Мечот го одбележа интернационалецот во редовите на Пелистер, Тарасенко кој што постигна три од пеете гола, додека преостанатите два ги дадоа Стојановски односно Фернандињо.

Пелистер веќе неколку дена е во Охрид, каде што го одработува базичниот дел од подготовките, а претходно тренираше дома во Битола.

 

ПретходноФутсал: Македонија вечерва на мегдан со Португалија!
СледноВардар одигра 0:0 против Чаквар од Унгарија