Таткото доминираше, па синот Брони постави рекорд во кариерата (ВИДЕО)

266

Лејкерси го уништија најлошиот тим во лигата, Вашингтон совладувајќи го со убедливи 134-96. За „езерџиите“ ова беше 27. победа, со скор од уште 19 порази се наоѓаат на петото место во Западната конференција.

Леброн мечот го заврши со 24 поени и 11 асистенции, но не ја одигра последната четвртина. Играше и Брони Џејмс, цела последна четвртина, запиша пет поени, што е рекорд во кариерата.

Ова е 16-ти последователен пораз за Визардс, израмнувајќи ги на црниот рекорд.

На останатите средби: Кливленд – Атланта 137:115, Јута – Минесота 113:138, Мемфис – Хјустон 120:119, Портланд – Орландо 119:90.

ПретходноЖдрепка – ЛШ: Во очекување на можни мега – пресметки како Сити – Реал, Јуве – Милан, Монако – ПСЖ!
СледноВо Франција немилосрдни: Нашите ракометари не се појавија во Загреб