Стефан Ашковски (32), нашиот репрезентативец од денеска е нов играч на Етникос Ахна, тим од Кипар. Ашковски досега играше во Турција и тоа во тимот на Шанлиурфаспор.
Ашковски е дете на Вардар, а во својата кариера има играно и за Партизан, Телеоптик, Доњи Срем, Напредак, Шкендија, Нови Пазар, а имаше и кариера и во Холандија, Бугарија, Полска, Турција, Норвешка. Ерменија.
За селекцијата на Македонија има одиграно 35 натпревари.