Вардарски се засили со четири новитети

97

Последнопларисаниот тим на табелата во второлигашката конкуренција, тимот на Вардарски се засили со четворица нови играчи со кои ја зголеми конкуренцијата во тимот.

Голманот, Филип Лазаревски кој што има прволигашко искуство од Шкупи, потоа Лука Јакимовски, кој е дете на Вардар, а последно беше дел од тимот на Осогово. Стефан Спировски кој пристигнува од Пелистер, како и Мирон Илиевски кој пак доаѓа од Борец.

Управата на клубот најави дека во следните денови ќе се доведат уште неколку млади играчи со кои ќе се „брка“ опстанокот на пролет.

 

ПретходноСтруга ТЛ загуби од Михаловце
СледноМурињо: Дури и да не пласиравме во плеј-офот ќе бев горд! Истрпивме многу неправди!