Се чини дека пребогатите клубови од Саудиска Арабија, а посебно Ал Ахли уште еднаш остана со празни раце кога се однесува за Винисиус Жуниор.
Да потсетиме дека последната понуда за него беше милијарда евра на име на плати и 350 милиони евра за Реал Мадрид. Деновиве официјално Флорентино Перез не се произнесе околу евентуалниот трансфер, но затоа самиот Бразилец истакна:
„За мене е важно да пишувам историја со овој клуб, токму затоа сакам да останам во Реал Мадрид уште многу години и ќе продолжам да играм уште долго, долго. Моите идоли се Роналдо Феномено и Кристијано Роналдо. Тие беа дел од една исторјија“ кажа Вини и со тие негови зборови стави крај на тоа дали оди во С. Арабија.