Еуфорија во Хрватска: Хајдук ќе игра од 12.50 часот, само за да може на раат да се гледа ракомет во недела!

250

Вистинско лудило и еуфорија, секако ракометна, во Хрватска. Во недела на 02.02. во таа земја ништо не е важно освен финалето на СП во ракомет. Овој меч се игра во Осло и тоа во вечерен термин. Но за да може на раат да се гледа ова историско финале, Хајдук ја промени сатницата од неделниот меч со Локомотива. Имено наместо во 17.45 часот, овој натпревар се игра од 12.50 часот.

И никој не се буни што се вика, се е неважно освен тоа ракометно финале во кое Дувњак и другарите предводени од Дагур „Хрватсон“ да дојдат до златото. Да потсетиме дека Хрватска го чека својот ривал во тоа финале, тоа ќе биде подобриот од вечерашното полуфинале меѓу Данска и Португалија.

ПретходноГави во Барселона до 2030 со откупна клаузула од милијарда евра! (ФОТО)
СледноРК Пролет со две нови имиња!