Напаѓачот Ли Ервин (30), досегашен член на Хелсинки, е пред потпис со Гостивар. Станува збор за искусен шпиц играч од Шкоптска, а некогаш играл за славниот Лидс Јунајтед. Играл и за други клубови од Шкотска, а имал интернационална кариера и во Либан, Ф. Острови, Иран и Финска.
Како што се шпекулира, Ервин веќе е во кампот на Гостивар во Хрватска, каде играчите ја одработуваат главната фаза од тековните подготовки и попладнево одработил еден тренинг со останатите играчи.
Тој би требало да биде замена за Машике во нападот кој оваа зима се раздели со Гостивар.
Инаку ако овој трансфер и официјално се оствари, тогаш Ервин ќе биде првиот Шкотланѓанец кој играл во ПМФЛ.