Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат дел од финалниот викенд во Осло на СП 2025. Македонија таму ќе ја нема, но затоа таму се Македонците Николов и Начевски кои важат за најдобрите ракометни судии во светот.
И кога е така, тогаш јасно е дека без нив завршницата на СП нема да може да мине. Сега останува да се види на кој меч ќе бидат делегирани, дали за финалето или за оној меч за третото место на овој ракометен Мундијал.
Ние очекуваме да ги видиме на терен во Арената во Осло.