Познати се сите учесници на НБА Ол-стар натпреварот

72

Главните тренери на НБА избраа по седум играчи од секоја конференција како резерви за годинешниот Ол-стар натпревар, кој ќе се игра на 16 февруари во Сан Франциско, а кои ќе им се придружат на претходно познатите членови на првата петорка за која гласаа навивачите (50 проценти ), сегашните играчи (25 проценти) и претставниците на медиумите (25 проценти). Во случај на откажување на играчот, замена ќе биде одредена од комесарот на лигата Адам Силвер.

Минатата недела беа познати стартните петорки, а сега се познати и резервите:

Од Источната конференција стартери се: Џејлен Брунсон (Њујорк), Донован Мичел (Кливленд), Јанис Адтетокунбпо (Милвоки), Џејсон Тејтум (Бостон) и Карл-Ентони Таунс (Њујорк), додека резерви се: Џејлен Браун (Бостон), Паскал Сиакам (Индијана), Дариус Гарланд (Кливленд), Кејд Канингем (Детроит), Еван Мобли (Кливленд), Демијан Лилард (Милвоки) и Тајлер Хиро (Мајами).

На Западот, стартери се: Стеф Кари (Голден Стејт), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Кевин Дурент (Феникс), Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс) и Никола Јокиќ (Денвер), додека резерви се: Ентони Едвардс (Минесота), Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Џејмс Харден (ЛА Клиперс), Џерен Џексон Јуниор (Мемфис), Алперен Шенгун (Хјустон), Џејлен Вилијамс (Оклахома) и Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс).

ПретходноАнчелоти: Не ми се допаѓа новиот формат на Лигата на шампионите, не го сакаме Сити во плеј-офот
СледноЛШ плеј-оф: Уф, каков спектакл! Пеп и Сити против Дон Карло и Реал Мадрид!