Пролет продолжува да ги засилува своите редови за вториот дел од сезоната, ангажирајќи двајца нови млади ракометари во својот табор.
Стефан Јовевски е член на клубот откако беше потпишан договор за соработка со овој 19-годишен ракометар. Јовчевски настапува на позицијата пивот и досега беше член на тимот на Бутел, од каде му се приклучува на РК Пролет.
Покрај него, договор со Пролет потпиша и Јован Фичорски, ракометар кој претходно беше дел на младинската екипа на Пролет, имаше и настапи за првиот тим на овој клуб. Тој мина неколку месеци во редовите на Скопје, но од вчера повторно е член на Пролет.
За потсетување, во претходните денови потпишани беа договори и со пивотот Стефан Атанасовски и крилото Никола Стоилевски, кои ќе му бидат на располагање на тренерот Матлиески за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.