Како што само Бразилците знаат да го направат, секако спектакуларно, Сантос со официјална промоција, секако спектакуларна, се пофали дека Нејмар повторно ќе игра во“црно – белиот“дрес.
Мега – ѕвездата, која досега играше во С. Арабија на промоцијата пристигна со хеликоптер, а Сантос со специјално видео, со обраќање до починатиот Пеле, тоа се зборови на Нејмар, му покажа на светот дека пак во своите редови го има Нејмар:
“„Здраво, кралу! Многу ми недостигаш! Кога стигнав овде, бев мало дете полно со соништа. „Вила Белмиро“ ме прими и таму пораснав и бев среќен. Сантос ме покажа на светот, но моето срце никогаш не престана да биде „црно-бело“. Се сеќавам низ се што поминав со сите вас. Секој момент. Јасен, среќен и вечен спомен. Оној на кој не сакам само да се сеќавам, туку повторно да го доживеам, заедно со тебе, како и секогаш. Кралу Пеле, твојата желба е моја заповед. Престолот и круната – сепак се ваши, затоа што сте вечни. Но, бројот 10… би било чест да го носам светиот дрес што значи многу за Сантос и светот. Ветувам дека ќе направам се што е во моја моќ за да продолжам да го почитувам твојот завет. „Ќе си одам, но ќе се вратам“, се сеќаваш? „Па… Принцот се врати“, кажа Нејмар во видеото.
Eu vou, mas eu volto. #ThePrinceIsBack pic.twitter.com/2uTxDgYk1M
— Santos FC (@SantosFC) January 31, 2025