Футсал: Македонија вечерва на мегдан со Португалија!

149
0

Продолжуваат квалификациите за ЕП во Футсал во групата 7, каде што е и нашата најдобра репрезентација предводена од селекторот Васко Скендеровски.

Па така Македонија, во меч од 3.коло во групата, се среќава со Португалија. Овој натпревар се игра вечерва со почеток од 19 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Секако дека се очекува добар настап на избраниците на Скендеровски и добар резултат иако е факт, со оглед на сегашниот пласман на табелата, дека селекцијата на Португалија е фаворит на вечерашниот меч.

Да споменеме дека веќе на 6 февруари, во меч од 4.коло во квалификациската група – 7, Македонија и гостува на Португалија и тоа во Лисабон.

По два одиграни меча, Македонија има едно реми и еден пораз и во пресрет на вечерашниот меч со Португалија го зазема третото место на табелата со еден бод.

Прва е Португалија со 6 бода, втора Холандија со 3, а Македонија и Андора имаат по еден бод.

ПретходноИзвлечени и двојките за плеј-оф во Лигата на Европа
СледноПелистер му даде пет гола на Охрид