Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не крие дека не му се допаѓа новиот формат на Лигата на шампионите.
Актуелниот европски шампион ја заврши лигашката сезона на 11. место и ќе мора да игра во плеј-офот за да се пласира во осминафиналето. А ждрепката која е закажана за денеска во 12 часот би можела да биде „пеколна игра“ и да го види Манчестер Сити за свој ривал. Втората опција е Селтик.
Не ми се допаѓа новиот формат на Лигата на шампионите. Има премногу натпревари, наместо да се намалува бројот на натпревари, тој се зголемува“, изјави Анчелоти и додаде:
„Не сакаме да играме против Сити. Тој клуб има шанси да ја освои Лигата на шампионите, па би било добро да ги избегнеме“, истакна Анчелоти.