Никола Манојлов во Работнички до 2027

134

Македонскиот младински репрезентативец Никола Манојлов ја продолжи својата соработка со тимот на Работнички. Како негов член ќе остане минимум до 2027 година до кога е важечки потпишаниот договор.

Манојлов инаку е роден 2006 година и е еден од најталентираните млади играчи во ПМФЛ шампионатот.

Дебитираше одамна за првиот тим на Работнички, а има и десетина настани за младинските репрезентации на Македонија.

Во изминатиот период добиваше шанса кај Горан Станиќ инаку тренер познат по тоа дека младите играчи му се дел од стратегијата. Всушност, тоа е и една од главните причини што е поставен за нов селектор на У21 репрезентацијата на Македонија.

 

ПретходноРен има нов тренер
СледноГави во Барселона до 2030 со откупна клаузула од милијарда евра! (ФОТО)