Екипата на Пелистер претпладнево го одигра својот пријателски меч против второлигашот Охрид, а истиот заврши со високи и убедливи 5:0 за битолчани.
Мечот го одбележа интернационалецот во редовите на Пелистер, Тарасенко кој што постигна три од пеете гола, додека преостанатите два ги дадоа Стојановски односно Фернандињо.
Пелистер веќе неколку дена е во Охрид, каде што го одработува базичниот дел од подготовките, а претходно тренираше дома во Битола.