Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го даде своето првично мислење околу ждрепката во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите. Во истата Сити се среќава со Реал Мадрид и тоа четврта сезона по ред.
„Ова веќе изгледа како дерби, бидејќи е четврта година по ред против Реал Мадрид. И Баерн и Реал беа навистина тешки можни противници. Да се надеваме дека на најдобар можен начин ќе влеземе во првото коло на нашиот стадион, а потоа во Мадрид. Можевме ли да бидеме во првите осум? Да, но не бевме доволно добри. Не го заслуживме тоа откако победивме само на три натпревари и едно реми. Претрпевме премногу порази. Ждрепката е ждрепка“, – прокоментира Гвардиола, па го искоментира и густиот распоред.
„Распоредот е таков што е. Во Премиер лигата секој тим мора да игра против секого. Но, обично во Премиер лигата најтешко им го отежнуваат распоредот на екипите кои играат во Европа. Тешко е да се игра против Реал или Баерн, но проблемот е што во средината треба да се сретнете со Њукасл. Се сеќавам кога бев во Барселона и ја гледав Премиер лигата, Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Арсен Венгер имаа исти проблеми. Дали мислите дека ова ќе се промени? Телевизиите одлучуваат. Не ме прашуваат кога е подобро да се игра. – рече Пеп.