Некогашниот репрезентативец на Сенегал, Хабиб Беје е нов тренер на францускиот прволигаш Рен. По седумте порази во десет мечеви, беше сменет Хорхе Сампаоли а на негово место е доведен Беје кој ќе се обиде да го помрдне клубот од моменталното 16. место на табелата.
Беје досега беше тренер само во второлигашка конкуренција, односно во парискиот тим Ред Стар.
Тој инаку е екс играч на ПСЖ, Марсеј, Њукасл, Астон Вила….
Le SRFC est heureux d’annoncer la nomination d’Habib Beye en tant qu’entraîneur de l’équipe professionnelle. ✍️ #DegemerMatHabib
— Stade Rennais F.C. (@staderennais) January 30, 2025