Аљоша Асановиќ гостин на ФФМ и на претседателот Омерагиќ (ВИДЕО)

217

Во неколкудневна посета на Македонија, односно на Фудбалската Федерација, е УЕФА консултантот задолжен за развој на млади елитни фудбалери, Аљоша Асановиќ. Легендата на хрватскиот фудбал, кој што беше дел од златната генерација која што го освои третото место на Мундијалот во Франција во 1998 година.

Асановиќ на официјалниот состанок во ФФМ секако беше примен од претседателот Масар Омерагиќ како и директорот на младинските репрезентации, Ѓорѓи Христов.

“Посетата на нашиот пријател Аљоша ја нагласува посветеноста на УЕФА за поддршка на развојот на младите фудбалери, зајакнување на односите со нашиот оддел за младински фудбал и доказ за важноста да се инвестира во младите, осигурувајќи дека ги добиваат правите насоки и можностите за напредок. Ова е, исто така, одлична можност да ги инспирираме нашите фудбалери од Академијата на ФФМ и да ги подобриме нашите програми. Поддршката на УЕФА е непроценлива за развој на оваа категорија фудбалери”. – изјави претседателот Омерагиќ, на што се надоврза високиот гостин од УЕФА.

„Гледам нови ветришта во македонската куќа, се надевам на блиска соработка наскоро со сите вас, посебно со Ѓорги Христов, затоа што јас знам дека за развој на фудбалот во Македонија е еден од најдобрите.

Го запознав претседателот, гледам дека е енергичен, сака напредок во фудбалот и тоа е добар знак за македонскиот фудбал да се крене, бидејќи има таленти. Ова е поднебје каде што има таленти, само треба да се најдат вистинските луѓе за тоа. Убеден сум дека тоа е правиот пат за македонскиот фудбал. Едноставно гледам голема енергија и она што е важно, имате знаење и продолжете понатаму“ – рече Асановиќ.

Христов: Не случајно Асановиќ е на оваа функција

„Не случајно Асановиќ е одговорно лице на УЕФА и претседателот Чеферин за помош со неговото знаење и искуство како ние да ги оствариме целите кои ги имаме зацртано, а се многу важни во фудбалот. 

Јас се чувствувам слободен и нема да се срамам во секој момент да ја побарам помошта од Асановиќ и неговиот тим за се што е поврзано за развој на младите, бидејќи тоа нас ни е клучно. Ќе почнеме од најмладите, од генерацијата 2012. што треба веќе на лето да ја селектираме. Заедно да направиме еден систем кои ќе го следат многу генерации во иднина“. – рече Христов.

 

 

ПретходноСаудиските милиони го принудија Порто да се раздели со една од своите ѕвезди
СледноГостивар како Обединети Нации…. го промовираше засилувањето од Шкотска