Во првиот дуел од денешната Примера програма, екипите на Гетафе и на Севиља одиграа без голови 0:0.
Во меч во кој немаше премногу возбудувања двата тима од средината на табелата можат да бидат сосема заодоволни со освоениот бод и да продолжат понатаму во овогодинешниот шампионат.
Севиља со овој поен стигна до котата 28. и единаесеттото место, додека пак Гетафе во моментов е четиринаесетти на табелата со 24 поени.